knock-android-f

Според информациите добиени од друга апликација на развивачите на Knock, поголемиот дел од комуникацијата преку мобилните телефони луѓето ја прават за прашања на кои што може да се одговори многу едноставно. Луѓето најчесто се слушаат по телефон за да постават прашања како што се, Каде си, Дали сакаш да одиме на пиво и слични. Исто така голем број на пораки на мобилните телефони остануваат неодговорени поради тоа што тие се сметаат за не толку итни, па луѓето ги оставаат за нешто подоцна кога се послободни.

Knock е апликација која што се обидува да направи комбинација на корисничкото искуство на испраќање и примање на повици и пораки. Работи преку вашата 3G и Wi-Fi мрежа, како и другите апликации за пораки, но вклучува одредена функција која што треба да ја издвои од другите, а воедно да го зголеми процентот на одговори кои што ги добивате, како и нивната брзина.

Кога ќе испратите порака, истата кај примателот се прикажува слично како што се прикажуваат телефонските повици. Поточно, телефонот ѕвони и на екранот е прикажана пораката под која што има неколку можности за избор кои што можете да ги изберете со едноставно повлекување со прстот на нив, исто како со избирањето на тој начин да прифатите или да одбиете одреден повик. Изборот кој што го има примателот на пораката е да одговори потврдно или негативно, како и да напише целосна порака, да ја сподели неговата локација или да направи телефонски повик.

knock-android-screens

Поради корисничкиот интерфејс на примената порака сличен со тој на повиците, примателите на пораката ќе и дадат поголемо значење, односно исто како на повиците. Дадените можности за одговор на пораката ја трга потребата да секогаш мора нешто да напишете за да одговорите, што ги зголемува шансите дека ќе одговорите на неа.

Knock е бесплатна апликација и моментално е достапна само за корисниците на Android телефоните. Можете да ја симнете преку следниот линк.

knock-android-qr

Слика: techcrunch.com

Претходна статијаMozilla Firefox 31-ва верзија достапна за симнување
Следна статијаУште една реклама од Samsung насочена кон исмевање на iPhone
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.