maps

Мапите на Google можеби се најдеталните во моментов, со многу иновативни можности, како Google Street View, но досега не нудеа основна Turn-by-Turn навигација со офлајн мапите и беа реално корисни само во земјата каде живее корисникот и каде би можел да користи интернет.

Отсега, Google Maps ќе можат да ве водат дури и ако немате интернет, што е многу корисно доколку сте во странство, или пак доколку имате слаб пристап до мрежата. Ваква можност веќе со години нуди Nokia со своите Here Maps, како и многу други конкуренти, па добра вест е што конечно и Google ќе овозможи ваков пристап. Секако, за ова ќе мора да имате активиран GPS, кој дава најточна локација на уредот.

google-io-20150229

Навигацијата ќе биде со целосна гласовна поддршка, која константно ќе ве потсетува на патот и каде треба да свртите. Исто така, доколку ја внесете рутата додека сте поврзани на интернет, Maps ќе ги зачува и сите информации за рестораните, бензинските пумпи и сл. места по патот, со цел корисникот да ги има сите потребни информации дури и кога ќе нема интернет.

Покрај можноста за офлајн навигација, Google најави и повеќе вакви подобрувања во новиот Android M, како на пример можноста да зачувате YouTube видеа за офлајн користење подоцна. Офлајн можностите во апликациите на Google ќе бидат достапни подоцна годинава.

Извор: Engadget, TechCrunch, TheNextWeb

Претходна статијаGoogle ја претстави новата и значително подобрена Photos апликација
Следна статијаGoogle го претстави новиот Android M