quickoffice-android-icon

QuickOffice е една од најпознатите апликации за работа со документи, табели, презентации и слично, достапна на Android и iOS уредите. Постои повеќе години и во недостаток на официјална апликација од Microsoft, порано беше позната по големиот број на функции достапни за корисниците. QuickOffice е во сопственост на Google веќе неколку години, а нејзиниот развој беше продолжен се до овој месец. Најголемата придобивка за корисниците после купувањето на компанијата од страна на Google беше тоа што таа стана бесплатна, нешто што многу корисници го чекаа поради не толку ниската цена. Со тек на време технологијата од апликацијата беше имплементирана во апликациите од Google, а пред нешто помалку од два месеци од компанијата претставија три посебни апликации и ја тргнаа можноста за работа со документи од Drive.

quickoffice-screen-1

После претставувањето на Google Docs, Sheets и Slides, не е воопшто за изненадување одлуката да ја прекинат QuickOffice апликацијата. Новите апликации се направени на истата основа, па поради тоа ги нудат истите функционалности. QuickOffice ќе биде тргната од Play, како и од App Store продавниците во наредните неколку недели, по што нови корисници нема да можат да ја симнат. Постојните корисници ќе може да продолжат да ја користат, но треба да знаат дека истата веќе нема да добива нови функции, односно нема да биде надградувана.

Извор: Google Apps, Engadget

Претходна статијаFacebook има изменувано илјадници листи со новости на своите корисници за психолошки експеримент
Следна статијаНови информации за наредната верзија на Windows
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.