Корисниците на Google Chrome апликацијата наменета за мобилните телефони, ќе имаат причина со задоволство да продолжат да ја користат оваа апликација откако develop-ерите, „конечно“ решија да го исправат еден од најчестите и најкритикуваните пропусти.

Корисниците знаат дека при вчитувањето на извесна веб-страна Chrome имаше обичај да прескокнува во сосема непредвидени делови од истата. До ваквата грешка доаѓаше доколку веб-страната активно и понатаму вчитува содржини и откако самиот текст е веќе прикажан. Содржините како видеа, реклами, слајдови или фотографии и нивното вчитување правеа проблем во работењето на апликацијата што беше фрустрирачки за читателот кој во одреден момент се наоѓа на сосема друг крај на странта.

Како и да е, Google решија овој особено иритирачки „глич“ да го исфрлат од употреба и ветуваат беспрекорно искуство при користењето на нивниот веб-пребарувач. Со новото софтверско дополнување, Chrome ќе ја вклучува опцијата „scroll anchoring“. Оваа алатка ќе ја има функцијата на фиксирање на видното поле врз одреден дел од веб-страната и секое наредно вчитување нема да има ефект врз видното поле кое му е потребно на корисникот.

Интересно е да се напомене дека токму ваквите ситници всушност прават огромна ралзика кај корисниците. Ситна, но фрустрирачка грешка може многу често да доведе до тоа корисникот да престане со користење на одредена апликација, од едноставна причина што може да одбере друга.

Извор: Engadget

Претходна статијаSamsung тестира смартфон со два дисплеи
Следна статијаFacebook Messenger одбележа 1,2 милијарди месечни корсници