android-icons-f

Сигурно некогаш ви здосадува изгледот на оперативниот систем на вашиот паметен телефон, па често барате разни апликации кои нудат разни позадини и виџети со цел да му дадат нов и поразличен изглед. Овој пат ние ќе се фокусираме на иконите на апликациите и ќе ви понудиме 5 апликации кои нудат пакети со многу интересни икони за повеќето од стандардните апликации.

Некои од апликациите се наплаќаат, но не чинат повеќе од 2 долари, што сметаме дека не е премногу и дека се вредни за истите пари.

Vibe1,99 долари

Доколку сакате икони кои имаат неверојатно живи бои, опфатени со коцкасти рамки тогаш Vibe e вистинскиот избор за вас. Огромен избор од 1.600 икони и неколку прекрасни позади кои неделно се освежуваат.

Vibe e подржана и на повеќето Android lanucher-и како Nova, Apex, Action, Next, Go и други. Апликацијата има корисен интерфејс, преку кој може да симнувате нови икони и позадини.

vibe-qr

Flatee– 1,49 долари

Оваа апликација дефинитивно најмногу му се допадна на нашиот тим. Едноставни и заболени иконки кои навистина ќе ви се допаднат. Апликација содржи над 1.000 икони со едноставен и заоблен изглед, како и повеќе позадини со висока резолуција. Покрај тоа Flatee нуди и неколку корисни виџети.

Исто како Vibe подржана е на повеќе Android Lanucher-и.

flatee-qr

Peek – Бесплатна

Peek за разлика од Vibe и Flatee е бесплатна за преземање. Не нуди многу икони, но навистина се добри за една бестплатна апликација. Иконите се’ што е можно поедноставни со благо транспарентна слика како позадина.

Поджана на повеќето Android Launcher-и.

peek-qr

Rounded Up – Бесплатна

Пакет со икони кои се многу слични на оние кои ги има новиот Samsung Galaxy S5. Оваа апликација содржи повеќе од 1.000 стандардни икони, со многу шарени бои. Тоа што е интересно кај оваа апликација е што нуди и околу 150 алтернативни икони, со кои може да ги замените иконите на оние апликации кои што немаат икони во стандардниот сет.

rounded-up-qr

Lyra – 1,79 долари

Пакет икони за оние кои не се љубители на заоблени шарени икони. Избор на околку 700 икони со елегантен и едноставен изглед. Овие икони се коцкасти со најбитните елементи кои се препознатливи за стандардните апликации. Исто така добивате и голем избор на оригинални позадини за вашиот телефон.

lyra-qr

Претходна статијаGoogle Chromecast ќе поддржува screen mirroring
Следна статијаНадграден Skype за Windows Phone 8 и 8.1
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.