Google оваа недела официјално ја пушти својата нова апликација наречена Datally. Како што покажува и самото име, оваа апликација е наменета за менаџирање и заштеда на интернет сообраќајот на мобилните уреди.

Како и обично, ваквите апликации се наменети за корисниците со прилично ограничен мобилен интернет сообраќај, но истата е достапна во цел свет, па секој кој смета дека ќе му биде корисна, може да ја симне и инсталира.

Datally е достапна во Play Store и можете да ја симнете преку следниот линк.

Што се однесува до функционалноста на апликацијата, истата се сведува на неколку работи коишто ќе може да се направат преку неа.

Главната како што би се очекувало е приказ на потрошениот интернет сообраќај, поделен според апликација за подобро да може да се добие претстава колку и која апликација троши интернет.

Datally исто така овозможува и заштеда на интернет сообраќајот преку Data Saver функцијата која во основа го пренасочува цел сообраќај преку посебен протокол.

Корисниците добиваат можност да ограничат која апликација може да користи интернет во позадина и со тоа да имаат многу поголема контрола на потрошувачката.

На крајот, Datally препорачува поврзување на достапните локални и бесплатни Wi-Fi мрежи, што се разбира целосно го заштедува мобилниот интернет кога тој нема потреба да се троши.

Извор: The Verge, gHacks

Претходна статијаКако да избегнете прислушување и надгледување од државата на вашите интернет активности?
Следна статијаMicrosoft Edge официјално достапен на Android и iOS
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.