cid

CyanogenMod Installer е апликација со која многу едноставно и без никакви познавања, можете го инсталирате познатиот CyanogenMod оперативен систем на вашиот мобилен или таблет компјутер.

 cm-installer-android-app

Денес од CyanogenMod известија дека од нив било побарано да доброволно ја повлечат апликацијата од Play Store, од страна на Google Play Store тимот за поддршка, во спротивно тие ќе мора да ја отстранат. Причината поради која што од нив е побарано ова е тоа што апликацијата ги прекршува Условите за програмирање. Иако апликацијата не предизвикува штета, истата ги насочува корисниците да ја откажат својата гаранција што следува со уредот.

Ова сепак беше неочекуван потег од страна на Google, посебно што голем дел од уредите веќе немаат важечка гаранција, а посебно предупредување стои пред симнување на апликацијата, па останува самиот корисник да одлучи дали сака да ја задржи гаранцијата или не.

Доколку сакате пак можете да ја симнете и користите оваа апликација, само не преку официјалната продавница за апликации. Линковите од апликацијата можете да ги најдете во следната статија.

Претходна статијаНови вградени мапи од Google Maps
Следна статијаCastAR виртуелна реалност
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.