Повеќето Android Launcher-и во главно може да се каже дека се обидуваат да ги надополнат можностите, како и корисничкиот интерфејс на стандардниот од Google или од производителот на телефонот.

Овој тип на апликации се доста популарни, посебно кај понапредните корисници кои сакаат малку повеќе да имаат контрола над нивниот главен екран и неговите можности.

AIO Launcher е наменет за овој вид на корисници, меѓутоа тие кои во главно ја ценат функционалноста, а не „помпезниот“ дизајн.

Кратко објаснување за читателите кои можеби не користеле до сега Launcher на нивниот смартфон. Се работи за апликации кои го менуваат стандардниот интерфејс на главниот екран, односно делот каде што се поставуваат иконите од апликациите, виџетите и слично.

AIO Launcher прикажува низа на информации во главно текстуален формат и тоа подредени еден под друг на главниот екран. Не е направен во стандардниот стил на икони, меѓутоа е корисен за корисниците кои веднаш сакаат да имаат одредени информации кога ќе го отворат својот телефон.

Информациите кои се прикажуваат на главниот екран се следните:

  • Временска прогноза
  • Системски монитор
  • Player
  • Често користени апликации
  • Често користени контакти
  • СМС
  • Dialer
  • Тајмер
  • Е-Пошта
  • RSS
  • Твитер
  • Календар
  • Девизни курсеви
  • Биткоин

Доколку ви звучи добро тоа што го нуди овој Launcher, можете да го симнете и пробате преку Play Store, односно преку следниот линк.

Извор: XDA Developers, TNW

Претходна статијаFirefox 59 ќе почне да ги означува сите HTTP страни како несигурни
Следна статијаUniti е мал електричен автомобил од Шведска кој ќе се продава по цена помала од 20.000 евра
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.