visual-studio-cordova-2

Како дел од TechEd конференцијата во Хјустон, Тексас, денес Microsoft објави ажурирање на околината за развој во Visual Studio, која ќе им даде можност на програмерите да развиваат мобилни апликации кои работат на повеќе платформи користејќи Apache Cordova.

Денешната објава значи дека Windows програмерите можат да продолжат да го користат Visual Studio, притоа едновремено креирајќи апликации кои работат на Windows Phone, Android и iOS.

Ова претставува значаен чекор за Microsoft. Неодамна компанијата склучи партнерство со Xamarin со цел да обезбеди мулти-платформен развој со користење на .NET, но оваа интеграција ќе им овозможи на програмерите да го користат Visual Studio за градење на Android и iOS апликации.

Apache Cordova е платформа за градење на мобилни апликации со користење на HTML, CSS и JavaScript. Всушност Apache Cordova претставува сет од апликациски програмски интерфејси кои му дозволуваат на развивачот на мобилна апликација да пристапи до вградени функции на уредот како камера или акцелерометар преку JavaScript. Во комбинација со UI (кориснички интерфејс) рамка како jQuery Mobile, Dojo Mobilе или Sencha Touch, може да се развие апликација за смартфон само со употреба на HTML, CSS и JavaScript.

Корисниците на Visual Studio ќе бидат во можност да стартуваат повеќе симулатори за тестирање на нивниот код и имплементацијата на Cordova ќе им дозволи на корисниците да управуваат со оддалечен агент на Mac за да напишат код и симулираат како ќе функционира кодот на iOS.

Истовремено, ова ќе и дозволи на Cordova пристап до сите функционалности кои веќе се достапни во Visual Studio и ќе дозволи едноставно креирање апликации, на пример во TypeScript. Имајќи го во предвид фактот дека Cordova лансира ажурирања значително почесто одколку што тоа го прави Microsoft за Visual Studio, сервисот ќе остане во тек со најновите изданија.

Поддршката се вклопува со ново промовираната стратегија на компанијата, според која таа ги поддржува своите сервиси не само на својата, туку и на било која друга платформа. Имено во минатото компанијата испорача сет од алатки кои им го поедноставија користењето на Azure на Android и iOS развивачите за обезбедување на позадински cloud сервиси.

visual-studio-cordova

Во прилог на ова, Microsoft планира иновации за иднината на .NET платформата. Идејата е развој на cloud-оптимизирана верзија на .NET која е дизајнирана за да биде вградена во серверските апликации. Ова ќе ја намали рамката со изоставање на функции (како на пример GUI поддршката) кои не се неопходни во серверските апликации и истовремено ќе ја олесни дистрибуцијата. Различни апликации на еден ист сервер ќе бидат во можност да интегрираат нивна верзија на рамката за да се поедностави функционирањето на различни верзии една крај друга. Ова е способост карактеристична за Java од самиот старт.

Дополнително Microsoft објави значајно ажурирање на Visual Studio Online, cloud-базираната Application Lifecycle Management (ALM) платформа. Главната промена е додавање на способност за интегрирање на алатки од трета страна со Visual Studio Online. Дел од партнерите се Zapier, ZenDesk, Kato и UserVoice, но бидејќи станува збор за стандарден Rest API, едноставно ќе биде и други страни да се вклучат во интеграцијата.

Претходна статијаОткажете ги цигарите со Quitbit паметната запалка
Следна статијаtado: Паметен далечински управувач за вашиот клима уред