skype-teams-hero-copy

Skype беше скоро неприкосновениот избор на компаниите кога се во прашање апликациите за пораки, чет и видео конференции, но пред неколку години доби сериозен конкурент во Slack, кој можеби ги нема сите функции на постариот противник, но има можност за таканаречено јавно четување на посебни канали во компанијата, што во големо го олеснува комуницирањето меѓу вработените.

Според MS Power User, оваа можност Microsoft наскоро ќе ја вгради во нова Skype Teams апликација, која покрај оваа можност, ќе има и постандардни можности за комуникација, како директни пораки меѓу вработените и пораки поделени по групи. Во оваа можност, корисниците ќе можат да одговорат на некој коментар групирано, слично како на објава на Facebook.

skype-teams-2-copy

Покрај овие иновативни функции за комуницирање меѓу вработените, Skype Teams ќе биде и особено моќен во делот на споделување на датотеки и други информации, како на пример договарање на состаноци и сл. Сето ова ќе биде помогнато од Office 365 и OneDrive, кои веќе се веројатно најкористените сервиси за „Клауд“ работа во светот.

Во Skype Teams, Microsoft ќе вгради и неколку други функции од обичната Skype апликација, како на пример можноста за комуницирање со ботови, што може значително да го олесни пребарувањето на информации од интернет мрежата, без да излезете од самата апликација.

Според информациите, Skype Teams ќе биде достапен на сите Office 365 корисници, односно ќе биде вклучен во пакет со останатите функции, како просторот на OneDrive од 1 TB и можноста за користење на лиценциран Microsoft Office додека трае претплатата на сервисот.

Извор: MS Power User, The Next Web, The Verge

Претходна статијаСептемвриски филмски маратон на Pickbox
Следна статијаApple веќе нема да ги објавува иницијалните бројки за продажба на iPhone