office-2013-logo

Microsoft Office е најкористениот пакет на апликации за работа со документи, табели, презентации и слично, иако во последните години има добра конкуренција од open source страната, како и на таблет компјутерите со нивното се поголемо користење. Пакетот е развиван и редовно надградуван за Windows оперативниот систем, што не е ни чудно затоа што на таа платформа се наоѓаат најголемиот број од корисниците.

Сепак со се поголемото користење на таблет компјутери и на Microsoft им стана јасно дека доколку сакаат да останат важни во оваа област и понатаму, ќе треба да ја прошират достапноста и на другите платформи. Новиот директор на компанијата Satya Nadella ја разбира оваа потреба и во повеќе прилики ја има истакнато нивната нова политика на приоретизација на мобилните уреди и решенијата во облакот.

При крајот на Март оваа година, Microsoft ја претстави долго очекуваната верзија од Office за iPad уредите составена од три посебни апликации, односно Word, Excel и PowerPoint. Иако се поставуваше прашањето дали каснат со претставувањето на апликациите, сепак тие за многу краток период се искачија на високите места на топ листата на симнувани апликации. За нешто повеќе од еден месец, апликациите биле симнати повеќе од 27 милиони пати.

Верзија за таблет компјутерите кои што работат на Android исто така одамна е во очекување, а потврдено е дека истата е во развој. Според најновите информации корисниците во наредниот период може да очекуваат можност за приклучување на нова бета програма за Office пакетот, при што ќе им биде овозможен и пристап до Android верзијата. Официјалната верзија за оваа платформа се очекува да биде претставена до крајот на оваа година и се очекува да биде слична со таа на iPad.

Исто така во најава е нова верзија на Office за Mac компјутерите која што не е надградена веќе три години. Повеќе информации за тоа како ќе изгледа и кои функции ќе ги вклучува нема, но не би требало да се очекува ништо помалку од моментално актуелната верзија на Windows.

Најмногу прашања има околу тоа зошто последна е оставена верзијата на Office наменета за екраните на допир за Windows 8. Меѓутоа една од најмногу рекламираните предности на овој оперативен систем од страна на Microsoft е достапноста на целосната верзија од Office, па корисниците не се оставени без овие апликации.

Сепак овие информации се’ уште се неофицијални, па така останува да видиме кои ќе се покажат како точни.

Извор: Mashable, TechCrunch

Претходна статијаУспешно 3D испечатени крвни садови, чекор понапред кон печатењето на цели органи
Следна статијаMicrosoft критикувани за обидот да се справат со малициозни страни, во процесот настрадаа голем број на недолжни сервиси
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.