HoloLens ideas-970-80

Еден од најпопуларните и секако најиновативни уреди кој работи со новиот Windows 10 оперативен систем, секако се HoloLens очилата за изменета реалност, кои овозможуваат да гледате холограмски 3D елементи, заедно со опкружувањето. Според нов блог пост на Microsoft, на натпреварот “Share your ideas” веќе се споделени 3.000 идеи за апликации за новиот уред, од кои најдобрите Microsoft ќе ги направи реалност.

HoloLens инаку отвора многу нови можности за програмерите– со нив може да се постигне нешто кое не можело да се постигне со ниту еден уред досега. На пример, на досегашните презентации, Microsoft покажа како може да се игра Minecraft во вашата дневна соба или пак да го видите целиот 3D објект што сте го дизајнирале во своето опкружување, во вистински димензии (во овој случај тоа беше тркачки мотоцикл).

На натпреварот “Share your ideas”, наменет за прикажување на најразлични идеи за HoloLens, досега се собрани 3.000 различни апликации. Натпреварот трае до 11-ти јануари, што значи дека бројката со сигурност ќе биде поголема, особено што главната награда е целосно развивање на идејата за апликација, со помош на Microsoft HoloLens Development Team.

Најдобрите неколку апликации инаку ќе бидат избрани од Microsoft, но потоа публиката ќе може да гласа преку твитер за победникот.

Ова е одличен начин за софтверскиот гигант уште во старт, пред пуштањето на HoloLens во продажба, да собере повеќе апликации, бидејќи колку и да е иновативен, производот нема да биде ништо без добар софтвер во него, односно квалитетен и броен избор на апликации.

Извор: Windows Central, Engadget, The Next Web, TechRadar

Претходна статијаГерманија успешно го стартуваше својот најнов фузиски реактор
Следна статијаЈапонија ќе соборува лоши беспилотки со добри