chrome-64-screenshot

Google ја претстави првата 64-битна верзија од својот Chrome прелистувач за Windows на почетокот од минатиот месец. Сепак оваа верзија не беше наменета за обичните корисници, односно верзијата беше достапна преку Dev и Canary каналите наменети за програмерите и напредните корисници кои што би сакале да ги тестираат овие рани верзии.

Од денеска сите корисници ќе можат да го пробаат Google Chrome 64-bit поради тоа што прелистувачот е стигнат до бета верзијата, која што е доволно стабилна и за обичните корисници. Сепак доколку сте корисник со слаби познавања на компјутерите, не се препорачува да користите бета верзии, барем не самите да ги инсталирате.

64-битната верзија од Chrome треба да донесе неколку подобрувања во однос на 32-битната верзија. Па така, Chrome треба да работи побрзо и постабилно, да вклучува подобра сигурност, а посебно во Windows 8 и слично. Подобрувањата треба да бидат забележливи при сурфањето на страни кои што бараат поголеми ресурси, како што се видео клиповите и игрите. Исто така прелистувачот треба многу поретко да паѓа, односно да се кочи и да не може да продолжи со работа.

Според одредени портали, 64-битната верзија може да овозможи прелистувачот да троши уште повеќе меморија, нешто што знае да биде проблем за одредени корисници. Тоа е поради фактот што 64-битниот софтвер го нема ограничувањето од 4GB на RAM меморија која што може да ја користи, па би требало да може да искористи многу повеќе. Дали тоа ќе значи поголемо трошење на ресурсите од страна на Chrome ќе покаже искуството.

Google Chrome 64-bit Beta можете да го симнете преку следниот линк, а стабилната верзија може да се очекува во неделите што следат.

Извор: PCWorld, TNW, Google

Претходна статијаСигурносниот софтвер и самиот претставува сигурносна закана според наодите на одредени истражувачи
Следна статијаShazam достапен за корисниците на Mac
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.