Најновата верзија од познатиот Opera интернет прелистувач доаѓа со интересна можност која можеби ќе им се допадне на голем дел од корисниците.

Поточно, во левиот дел од прелистувачот, стандардно наменет за лентата со пристап до омилените страни и слично, сега се вградени познатите сервиси за разговори, Messenger, WhatsApp и Telegram.

Тоа значи дека како корисник на Opera, веќе нема да мора да отворате посебни табови за да одговарате на пораки на овие сервиси, па истото ќе може да го правите директно од лентата на прелистувачот. На истата ќе можете да видите ознака доколку имате нова порака, а исто така ќе можете да ги прикачите разговорите за паралелно сурфање и разговарање.

Овие сервиси се избрани од едноставната причина што тие имаат веб базирани верзии, па интеграцијата во Opera нема потреба од било кави додатоци. Истото досега можевте и самите да го направите во посебен таб, предноста е што сега корисничкиот интерфејс е подобро направен за комбинација со стандардното сурфање.

Покрај ова, новата верзија на Opera доаѓа и со дополнителни измени досега достапни само во тест верзиите.

Една од главните се измените во корисничкиот интерфејс кој сега вклучува и темна тема, повеќе позадини, одредено освежување на целиот изглед на прелистувачот, како и целосно нов изглед на лентата од страна која овозможува подобро концентрирање на содржината на веб страните.

Исто така, прелистувачот доаѓа со подобрена безбедност, стабилност, подобрено блокирање на реклами и слично.

Најновата верзија од Opera прелистувачот е 45, направена на основа на Chromium 58, што е и најновата верзија која моментално се користи во Google Chrome.

Доколку не го користите Opera прелистувачот, истиот може да го симнете преку следниот линк.

Извор: Opera, The Verge, TNW

Претходна статијаEnvoice - алатка за фактурирање и наплата на фактури на PayPal, Payoneer и Stripe
Следна статијаNVidia Metropolis е платформа со вештачка интелигенција за „паметни градови“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.