ie11-reading-view

Во новата верзија од мобилниот оперативен систем на Microsoft, Windows Phone 8.1 треба да биде вклучен и Internet Explorer 11, барем според протечените информации од програмерите кои што имаат дојдено до SDK за оваа верзија. На ова видео се прикажани некој од новите функции кои што се очекува да бидат вклучени во 11-тата верзија од овој интернет прелистувач.

Како што може да се види Internet Explorer 11 ќе вклучува Reading view функција која што е доста корисна посебно за мобилните телефони. Со оваа функција можете да го гледате само текстот од веб страницата што ја посетувате, што го олеснува читањето на помалите екрани. Можно е промена на позадината, на фонтот и неговата големина и слично. Исто така од видеото може да се види вклучување на stop и refresh копчиња на лентата за внесување на адресата, како и зачувување на лозинките.

Претходна статијаХeликоптер контролиран од човековиот ум
Следна статијаFacebook ги исклучува Messenger for Windows и Firefox на 3-ти Март
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.