Веќе е јасно дека Microsoft својот удел во мобилниот свет ќе го бара преку развој на апликации за двете најпопуларни платформи, а не преку својата од која скоро се имаат и откажано. Може дури слободно да се каже дека апликациите од оваа компанија достапни на Android и iOS се едни од најдобрите апликации достапни за корисниците.

Најнова апликација која стана достапна за овие две платформи е интернет прелистувачот Edge, за којшто може да се каже дека беше и до некаде изненадување.

Прелистувачот стана официјално достапен, по период на тестирање, за сите корисници, па тие досега го имаат симнато повеќе од 1 милион пати. Бројката очекуваме да се зголеми кога прелистувачот ќе може да се симне во сите земји од светот, нешто што во овој момент не е можно, не ни е јасно зошто.

Сепак, се поставува прашањето дали Edge ќе може да претставува реална конкуренција на веќе популарните мобилни прелистувачи, кога истото не може да го направи на десктоп. Можеби од Microsoft се надеваат дека со овој потег тие генерално ќе ја зголемат популарноста на Edge, односно дека поради мобилната верзија, поголем број на корисници ќе му дадат шанса и на десктоп.

Една од главните маани на Edge остануваат малиот број на достапни додатоци, како и не реткото паѓање на апликацијата, нешто што го примора и вработениот од Microsoft да инсталира Chrome на сред јавна презентација во еден случај.

Извор: ZDNet

Претходна статијаSamsung патентира облека со вграден полнач за вашиот смартфон
Следна статијаInstagram сега овозможува следење на хаштагови
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.