Google Chrome, почнувајќи од својата 56-та верзија, ќе започне подиректно да ги информира корисниците дали страната која што ја посетуваат е сигурна или не. Оценката за тоа дали една страна е сигурна се прави врз основа на тоа дали таа го користи HTTPS протоколот, наместо веќе стариот и неекриптиран HTTP.

Со овој потег од Google сакаат да ги мотивираат сопствениците на веб страни да што побрзо го имплементираат заштитениот HTTPS протокол кој овозможува многу поголема ниво за заштита на податоците кои се разменуваат на интернет.

Ознака дека HTTP веб страната е несигурна за сурфање има е сега, но истата е во форма на извичник кој повеќето корисници најверојатно веќе не го ни забележуваат.

blog-image-1

Од 56-та верзија на Chrome, која ќе биде достапна од јануари, ознаката ќе биде дополнета со зборот „Не сигурна“ (Not secure), нешто што корисниците нема да може да не го забележат. Исто така, на почеток, оваа ознака ќе важи само за страните кои содржат форми кои бараат внес на лични податоци.

blog-image-2

Потоа, ознаката ќе биде прикажувана за сите страни во Incognito режимот на сурфање, за да на крај ова биде случајот со сите страни кои го немаат имплементирано HTTPS протоколот. Ознаката во овој случај ќе биде иста како што е кај страните со неисправни HTTPS сертификати, односно ќе има и црвена боја која привлекува повеќе внимание.

Извор: Google, TechCrunch, Engadget

Претходна статијаXerox им помага на малите компании да остварат висока продуктивност со новите мултифункционални уреди – коишто може да ги користи секој
Следна статијаBransys од Македонија прогласен за национален шампион на Европските бизнис награди 2016/17
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.