Изминатите неколку години не ретко можевме да прочитаме за веб страни кои биле хакирани и од нив украдени податоците за нивните корисници, како што се корисничко име, лозинка и слично.

Се разбира, ваквата новост не би била доволно интересна, но и сериозна за објава доколку овие веб страни не се познати и масовно користени, па влијанието на приватноста и безбедноста на корисниците е доволно голема.

Firefox прелистувачот во иднина ќе ги известува посетителите на веб страните доколку конкретната страна некогаш била хакирана. Таа информација корисниците може да ја искористат како поттик да ја променат својата лозинка на таа страна, како и да не ја користат истата на други страни (иако ова второто во никој случај не е препорачливо).

Фото: BleepingComputer

Моментално овој систем е достапен како код кој може да се искористи за додавање на plugin во Firefox и тоа само во верзијата наменета за програмерите. Во иднина се размислува дали кодот да биде имплементиран во самиот прелистувач или сепак да се направи како plugin.

Оваа експериментална функција на Firefox се прави во соработка со веб страната „Have I been pwned“ на која секој може да провери дали неговата имејл адреса била дел од некоја од хакираните веб страни, односно од украдените бази на податоци.

Mozilla со ова покажува дека сака да продолжи нивниот прелистувач да го развиваат како безбеден прелистувач кој се грижи за приватноста на корисниците. Со промените во последната верзија од Firefox сигурно може да се очекува поврат на голем број на корисници кои отидоа на Chrome.

Извор: Engadget, BleepingComputer

Претходна статија“Tap” ги претвора вашите прсти во безжична тастатура
Следна статијаHuawei Honor V10 ќе биде смартфон со супериорни спецификации и пониска цена
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.