Firefox 59 моментално е во Nightly верзија, односно верзија која е во главно наменета за програмерите, по која што доаѓа бета верзијата која може да ја користи пошироката публика. Финалната верзија за сите корисниците ќе биде достапна дури во март идната година, а од сега може да ги видиме некои од промените кои ќе ги донесе.

HTTP страните, односно страните коишто не користат SSL сертификат ќе бидат означувани како несигурни. Ова е нешто што ќе го прават сите прелистувачи во обид да се мотивираат сопствениците на страните да преминат на посигурниот HTTPS протокол.

Страните коишто користат SSL се сметаат за посигурни од аспект на можноста за пресретнување на сообраќајот помеѓу страната и корисникот. Ова се разбира не е некој проблем при обично читање на новости, но кога се работи за страни кои овозможуваат плаќање, креирање на сметки и внесување на лични податоци, заштитата станува поважен фактор.

Веќе може да се каже и дека нема логика да некоја страна нема имплементирано сигурносен сертификат, а најмногу поради фактот што истите се достапни и бесплатно, па не мора да се прават дополнителни трошоци, а голем број од хостинг провајдерите веќе нудат нивна инсталација со еден клик.

Страните кои немаат HTTPS протокол ќе бидат означени со иконата од катанец пречкртана со црвена линија. Притискањето на оваа икона ќе ја има пораката дека конекцијата не е сигурна, па корисниците ќе може да одлучат дали ќе сакаат да ги внесат своите податоци на таква страна.

Извор: gHacks

Претходна статијаSamsung патентира смартфон со дисплеј кој оди околу телото
Следна статијаAIO Launcher – различен Android Launcher за корисниците кои не сакаат некој посебен дизајн
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.