79a77be6e2d3985e0a2bc8dd7d4a1f8086fc6334

Можеби кај нас не се користи до тој степен, меѓутоа WhatsApp е една од најмногу користените апликации за разговори во светот. Една од добрите страни на оваа апликација е достапноста на скоро сите платформи, односно мобилни платформи, досега.

WhatsApp можеше да се користи и преку компјутерите преку WhatsApp Web пристапот до сервисот кој овозможува поврзување преку интернет прелистувач. Со тоа корисниците добија одреден начин да го користат WhatsApp и кога седат на компјутер, па да не мора да пишуваат на малите тастатури на мобилните уреди.

Од оваа недела WhatsApp е достапен и како десктоп апликација за корисниците на Windows и OS X, односно Mac компјутерите.

За жал, од тоа што можевме да го видиме откако ја инсталиравме апликацијата, истата е само прилагодена верзија од веб, па ги нуди и истите можности и начин на работа. Можеби најголемиот минус е што за да можете да разговарате преку WhatsApp десктоп, исто како и со веб верзијата, вашиот мобилен телефон мора да е приклучен на интернет.

За да почне да работи апликацијата, исто како и со веб верзијата, потребно е на WhatsApp апликацијата на вашиот мобилен телефон да изберете WhatsApp Web и да го скенирате QR кодот којшто ќе ви се појави при првото стартување на десктоп клиентот.

Доколку некои од истакнатите недостатоци не ви пречат, WhatsApp десктоп може да биде одличен начин да ги правите вашите долги разговори преку стандардна и голема тастатура на вашиот лаптоп и десктоп компјутер.

WhatsApp за десктоп можете да ја симнете преку официјалната страна на сервисот или преку следниот линк.

Извор: WhatsApp, TNW, gHacks

Претходна статијаСтартапот Cylindo добива $600K инвестиција и се подготвува за понатамошна експанзија во Битола
Следна статијаДванаесеттиот по ред Job Fair 2016 заврши
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.