Windows 10 е оперативен систем кој сѐ уште не е инсталиран на повеќе компјутери од супер популарниот Windows 7 и причината за тоа е што поголемиот дел од корисниците на 7-ката се компании, кои отсекогаш биле бавни во префрлување на поновите оперативни системи. Сепак, особено е изненадувачки податокот што во октомври, Windows 7 го надмина Windows 10 во поглед на тоа колку Steam корисници ги користат.

Ова е изненадување бидејќи поголемиот дел на гејмери веќе се префрлија на поновиот оперативен систем, кој носи многу нови можности и подобрувања, кои овозможуваат подобар гејминг. Сепак, причината не е дека истите гејмери се имаат вратено на Windows 7 поради незадоволство со поновиот оперативен систем, туку поради популарноста на PlayerUnknown’s Battlegrounds во Кина на Steam платформата, каде и натаму се користат поголем број на Windows 7 машини.

Поточно, бројот на корисници кои користат Кинески јазик на Steam пораснал од 27 на дури 56,37% наредниот месец, благодарение на што пораснал бројот на Windows 7 корисници од 22,45%, во споредба со само 18% на Windows 10. Ваквите бројки се дополнително поткрепени со одличната продажба на Battlegrounds од 13 милиони единици низ целиот свет, што ја прави една од најдобро продаваните игри.

Која е причината пак што Кина одбива да се префрли на Windows 10? Најверојатно опасноста од „шпионирање“ од страна на Microsoft, поради што кинеските власти сѐ уште одбиваат инсталирање на 10-ката во нивните компјутерски системи, а воедно и делуваат и на своите граѓани во одлуката. Како и да е, откако ќе се стабилизираат работите, се очекува Windows 10 да се врати на првото место на Steam.

Извор: TechSpot, PC Gamer, TechRadar

Претходна статијаНов сервис користи машинско учење за да ги подобри вашите фотографии, бесплатно
Следна статијаNichePhone-S е микро смартфон со Android