6980274_ProjectCentennialHero_img-XL-LG_InvariantCulture_Default

На Build 2016 настанот кој се одржа минатата недела, Microsoft најави дека можноста за конвертирање на „обичните“, win32 програми во модерни апликации, ќе биде достапна од ова лето, поточно со Anniversary надградбата на Windows 10.

Оваа можност е дел од таканаречените „мостови“ кои ќе им овозможат на програмерите да ги конвертираат своите апликации од iOS, веб, win32 и слично, во модерни апликации, односно универзални апликации достапни на Windows Store за сите уреди кои работат на Windows 10.

Ваквите конвертори ќе го овозможат префрлувањето на апликациите без потреба од промена на кодот или со минимална промена за тие да можат да функционираат. Се разбира, тоа делува едноставно, па колку е посложена апликацијата толку повеќе промени ќе бара, а посебно доколку треба да биде прилагодена и за повеќето видови на уреди.

project-centennial-pres

Project Centennial е наречен конверторот којшто ќе овозможи обичните Windows програми бидат претворени во модерни универзални апликации. Како и за другите конвертори, програмерите ќе треба ова да можат да го направат без многу работа, а посебно е предност што апликацијата нема да мора да се програмира од почеток.

Предноста којашто програмерите ќе ја добијат со конвертирањето на нивните програми во модерни апликации е тоа што нивните апликации ќе може да бидат достапни преку Windows Store и со тоа да добијат можеби поголема шанса да бидат забележани.

Исто така, ваквите апликации ја имаат можноста за живите плочки на коишто би се прикажувале одредени информации од неа, како и можноста за интегрирање со центарот за известувања.

Она што е најважно е што според Microsoft, модерните апликации ќе овозможат компјутерите да функционираат подолго време без познатото забавување кое на сите ни е познато после одреден број на месеци. Тоа е така поради начинот на којшто работат старите програми и регистарот по којшто е познат Windows кој се преполнува и го забавува системот.

Во продолжение можете да ја погледнете сесијата од Build којашто е наменета за Project Centennial, па можете подобро да се запознаете со најавените можности и слично.

Извор: Microsoft, gHacks, Windows Central, TNW, PCWorld

Претходна статијаВреме е за стартап – дел 3
Следна статијаSamsung претстави паметно ветробранско стакло за мотоциклите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.