Project Spark Sci-fi

Project Spark е алатка којашто на корисниците им овозможуваше да направат сопствена игра. Со други зборови, Project Spark е направена во форма на игра која овозможува креирање на сопствена комбинација на светови, елементи, нивоа и слично, па зачувување како игра која може да се игра на Xbox One и PC.

За жал, од компанијата се одлучија овој проект да не продолжи да биде развиван, што значи дека ќе престане да функционира.

Од 13 мај апликацијата веќе не е достапна во продавниците за апликации, а од 12 август и целосно ќе престане со работа.

Објаснувањето кое го даваат од Microsoft е дека вработените кои работеле на развојот на Project Spark се распределени на други проекти, па веќе не им е изводливо да продолжат да работат на развојот на проектот.

Дали ова значи и дека популарноста и користењето на алатката не биле доволно големи за да се оправда насочување на компаниските ресурси, не ни е познато, меѓутоа сигурни сме дека тоа е и случајот до некаде.

Извор: Project Spark, Windows Central, The Verge

Претходна статијаKirin 955 чипот во Huawei P9 е едно скалило послаб во однос на конкуренцијата
Следна статија18 годишен микробиолог разви горивни ќелии што конвертираат отпад во електрична енергија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.