bittorrent-logo

BitTorrent, компанија којашто стои зад развојот на двете најпознати торент програми, BitTorrent и uTorrent, оваа недела претстави нова функција достапна за активните корисници.

Наречена Altruistic Mode, функцијата кога е активирана овозможува режим на работа на програмите кој никогаш не дозволува соодносот на качена содржина во однос на симнатата, да биде под 2 спрема 1.

Со други зборови, овој режим на работа се осигурува дека корисниците ќе качат дупло повеќе од тоа што го симнуваат.

За да го постигне ова, овој режим на работа подразбира дека често ќе го прекинува симнувањето, а посебно кога нема барем два корисници кои сакаат да го симнат фајлот. Ова исто така значи дека корисниците кој го користат овој режим, многу подолго време ќе го симнуваат саканиот фајл, а може да значи и дека никогаш нема да го симнат.

Целта на овој режим на работа е помагање на таканаречениот „рој“ (swarm), односно група на корисници кои симнуваат и качуваат одреден фајл. Со осигурувањето дека одредени корисници ќе имаат поголем сооднос на качување спрема симнување, другите корисници ќе можат побрзо да го симнат тој фајл.

Оваа функција во овој момент се води како експериментална, што значи дека нема да биде вклучена за сите корисници. За заинтересираните кои би сакале да ја пробаат, треба прво да ја вклучат во прилагодувањата на програмите, па потоа ќе им биде понудена при симнување на секој нов фајл.

Извор: BitTorrent

Претходна статијаЗошто работното искуство додека студираш е клучно за успешна кариера
Следна статијаBlackberry ќе престане да развива паметни телефони, но ќе лиценцира од други производители
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.