spark-email-1

Најдобрата бесплатна е-маил апликазија за iOS Spark, според некои, доби и своја десктоп верзија. Spark e повеќе од обично електронско поштенско сандаче, тој е брз и паметен, ги собира сите ваши меилови и ги организира на начин кој би овозможил лесно манипулирање. Апликацијата има поддршка за повеќето e-маил сервиси како Gmail, Exchange, Outlook, Yahoo, комбинирајќи ги најдборите опции од повеќето во еден функционален пакет.

Spark апликацијата за Маc ги вклучува сите добри страни на веќе постоечката iOS апликација како – swipe, smart sorting (паметно сортирање), Dropbox, iCloud во најубаво беспрекорно издание на една десктоп е-маил апликација кое не можете да го добиете со било која друга платформа. Читањето на е-маил е лесно и чисто, а уредникот е дизајниран на начин кој го фокусира вашето внимание кон компонирање на новите меилови.

Со употреба на природен јазик можете да го пронајдете е-маилот кој ви треба многу брзо без потреба од бескрајно скролање низ вашиот инбокс. Апликацијата има пристап до вашите омилени cloud сервиси за прикачување на фајлови и поддржува брзи одговори како love, like, thanks со само еден клик.

Smart Inbox e интелегентната опција која ви овозможува брза проверка на тоа што е важно во вашите нови меилови поделени во неколку категории.

Smart Notifications го менаџира пристигнувањето на нови меилови, известувајќи ве само за оние кои се важни за вас.

spark-email-2

Spark e апликација која можете да ја менувате и приспособите според вашите барања. Има  минималиситчки и свеж дизајн, нешто кое тешко може да се види кај другите основни  е-маил апликации.  Функционална, уредна, убава и едноставна платформа која со огромниот број на паметни опции ќе го заштеди вашето скапоцено време и ќе ви ковозможи слободно функционирање, без потреба секојдневно да бидете залепени и изгубени во вашата неуредна е-маил апликација.

Претходна статијаApple официјално потврди дека работи на технологија за автономни возила
Следна статијаAMD се враќа на големо со Zen архитектурата на 13 декември?