screen800x500

Shazam е корисна апликација која што сигурно повеќето од вас ја имаат инсталирано на вашите мобилни телефони. Одлично се наоѓа во ситуации кога ќе слушнете некоја песна, а не можете да се сетите како се вика, а и од која група или пејач е изведена. Исто така Shazam можете да ja користите како начин на креирање на листа со песни, без разлика дали сте можеле да се сетите на нивното име, па подоцна да ги симнете или слушате преку YouTube.

До сега Shazam беше достапна на скоро сите платформи, односно на Android, iOS, Windows Phone, а исто така достапна е и како модерна апликација за Windows 8. Од денес оваа апликација е достапна за корисниците на OS X, односно Mac компјутерите. Shazam за Mac е десктоп апликација која што можете да ја поставите да работи во позадина и да ја искористи можноста за автоматско препознавање на песните. Со секое препознавање ќе добиете нотификација, а сите песни ќе бидат претставени во листа. Се разбира автоматското препознавање можете да го исклучите, како и целата апликација, доколку не би сакале таа константно да слуша во позадина. Shazam за Mac покрај препознавањето на песни, може да препознава и ТВ серии, нешто што беше воведено на iOS пред одреден период.

Апликацијата е достапна во Mac App Store и можете да ја симнете преку следниот линк.

Извор: Engadget

Претходна статијаПробајте ја 64-битната верзија од Google Chrome, достапен во бета од денес
Следна статијаFacebook го гаси Gifts сервисот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.