Како производител кој целосно ги контролира хардверот и софтверот, Apple е редовен со надградбите за своите оперативни системи. Последната надградба се однесува за закрпување на безбедносен пропуст, кој може да им овозможи на хакерите длабок пристап до компјутерот на корисникот.

Со овој пропуст хакерот може да има кернел привилегии, што му овозможува да земе целосна контрола врз оперативниот систем. Ова важи за сите Apple уреди, вклучувајќи ги iPhone (од 5-ката наваму), iPad (четврта генерација наваму), iPod Touch (од шеста генерација наваму), Apple TV (најнова генерација), Apple Watch (сите модели) и компјутерите со Mac OS Sierra. Затоа, сите кои поседуваат ваков уред, препорачливо е веднаш да направат надградба на најновата верзија, со која ќе бидете целосно безбедни.

Покрај оперативните системи, пропуст има и во останатите софтвери на Apple, како Safari пребарувачот и iCloud и iTunes сервисите за Mac OS и за Windows. Овие програми би требало сами да се надградат, но за оперативните системи пожелно е сами да го направите тоа и да не чекате да стигне автоматската надградба, особено ако имате сензитивни информации во вашиот уред.

Покрај големите безбедносни закрпи, новата надградба за MacBook Pro лаптопите конечно го решава и проблемот со батеријата, која имаше многу различно време на траење независно од тоа која апликација се користи, од 3 до 20 часа. Со надградбата, батеријата ќе одржува константен капацитет и целосно го анулира еден од најголемите проблеми во MacBook Pro лаптопите.

Извор: QZ, Wired, Computer World

Претходна статијаСо новите флексибилни LCD на Japan Display скршените екрани ќе бидат минато
Следна статијаПрва фотографија од Galaxy S8 – ќе има супер висок 18,5:9 дисплеј и изведби со 5,8 и 6,2 инчи?