5540c8689bddf5282d409fd3b35fa99c-copy

Од компанија која беше затворена во својот Windows еко систем, Microsoft прерасна во прилично отворена компанија која своите сервиси почна да им ги нуди на корисниците на сите други платформи од мобилната и компјутерската сфера. Најнов софтвер кој ќе биде лансиран на друга платформа е Visual Studio и тоа на Mac OS на Apple.

За оние кои подлабоко ги познаваат работите ова и не е изненадување – Microsoft е сега “Cloud First” компанија, а не “Windows First”. Ова значи дека нивната иднина тие ја гледаат во алатките како “Azure”, односно во отворањето на нивните програми и апликации кон дивелоперите (кои ги користат клауд сервисите), независно од тоа кој оперативен систем го користат. Затоа тие неодамна се отворија кон Linux, кој е често користен во „програмерскиот“ свет, а сега и кон корисниците на Apple.

image-9-800x550-copy

Visual Studio за Mac OS ги има целосно истите функционалности како оној за Windows, со таа разлика што дизајнот е направен за подобро да се вклопи во околината на оперативниот систем на Apple. Според Microsoft, корисниците нема да имаат воопшто проблем во префрлањето од едниот во другиот програм, бидејќи се ќе биде на очекуваното, фамилијарно место.

Програмот ќе биде лансиран овој месец за време на Connect конференцијата. За оние кои досега го немаат користено, тој се користи за програмирање со .NET и C#.

Извор: TechCrunch, Engadget, ARS Technica

Претходна статијаAlcatel Idol 4S отсега и во Windows 10 Mobile верзија
Следна статијаAImotive развива софтвер за автономни возила кој работи во сите временски услови