01-Mail-All-Retina

Outlook обично е дел од Office пакетот, меѓутоа за него корисниците на Mac ќе причекаат до половината на идната година. Сега корисниците добиваат нова верзија од овој email клиент со што ги добиваат најновите функции достапни на корисниците на Windows, како и конзистентен изглед на Office програмите и на другите платформи.

Новата верзија од Outlook која го носи бројот 15.3, ќе можат да ја симнат само корисниците на некој од Office 365 пакетите, без разлика дали се работи за приватните или деловните пакети. Кога ќе биде претставена новата верзија од целиот Office пакет, од Microsoft истакнуваат дека корисниците на Office 365 ќе ја добијат без дополнителни трошоци, што сепак не е некоја посебна предност, со оглед дека моделот на месечна претплата токму тоа и го подразбира.

Што се однесува до новините вклучени во Outlook 15.3 за Mac, тие се следните:

  • Подобри перформанси и стабилност како резултат на новиот модел на подредување на пораките, како и подобрување во дата базата
  • Нов модерен кориснички интерфејс со подобрено скролање и агилност при промена на табовите на Ribbon лентата
  • Поддршка за онлајн архиви и пребарување на Exchange архивираните пораки
  • Поддршка за Master Category List и синхронизирање помеѓу Mac компјутери
  • Поддршка за Office 365 push email
  • Побрзо време на стартување на програмата, како и побрзо симнување на пораките

Извор: Office Blog, ZDNet, The Verge

Претходна статијаSamsung ја претстави новата Galaxy A серија наменета за младите корисници
Следна статијаFacebook овозможи директно поврзување за корисниците на Tor
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.