large

Skype за оваа среда, односно 13-ти јули, најави одржување на Community Q&A, кога корисниците ќе можат да дознаат нешто повеќе, а најавени се возбудливи новости.

Она што прво ни доаѓа на памет кога ќе го прочитаме ова, се разбира е претставување на нова и целосно модерна Skype апликација за Linux платформата. Иако сервисот е достапен на Linux, апликацијата е стара, го користи одамна променетиот кориснички интерфејс, а нема скоро ништо од новите функции кои се достапни на другите платформи.

Можеби Linux нема нешто посебно голем дел од пазарот, но новата стратегија на Microsoft е да нивните сервиси се секаде достапни, во најдобра можна форма, па одлуката да Skype „се врати“ на Linux, не е воопшто чудна.

Сепак, возбудливите новости може да испадне дека немаат врска со целосно нова апликација, па тоа да биде нешто друго. Не би било првпат да некоја од компаниите најави нешто возбудливо, нешто што корисниците не би се сложиле баш со терминот употребен за опис на најавата.

Како и да е, новостите ќе биде објавени на сесијата со прашања и одговори на страната на Skype заедницата, па сите заинтересирани ќе може да ја видат најавата, а истата ќе биде објавена и на Смартпортал.

Извор: Skype, OMG! Ubuntu

Претходна статијаПретставен првиот речник за emoji икони на македонски јазик
Следна статијаNBC Universal доби патент за систем за блокирање на масовно споделување нелегална содржина
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.