plasma-5-desktop

KDE, односно Plasma десктоп околината е една од најпознатите помеѓу корисници на некоја од многуте Linux дистрибуции. Позната по својот специфичен и едноставен кориснички интерфејс, на корисниците им нуди огромен број на можности за прилагодување на нивното искуство на нивниот компјутер. Достапни се верзии прилагодени за десктоп, нетбук, како и таблет компјутерите.

Оваа недела KDE ја претстави финалната верзија од Plasma околината, односно Plasma 5. Иако основниот начин на работа, односно функционалноста е задржана, Plasma 5 донесува целосно освежен дизајн стил. Може да се каже дека и KDE се приклучува на модерниот стил кој што веќе се користи скоро од сите развивачи на платформи. KDE Plasma 5 доаѓа со многу поедноставен кориснички интерфејс од кого се исклучени познатите сиви нијанси за многу поедноставен изглед со рамен дизајн. Овој дизајн е наречен Breeze и претставува навистина модерна верзија која што ќе го направи десктопот на многу корисници модерен и попријатен за гледање. Се разбира пореди широкото користење на овој стил на дизајн, на голем број на корисници можеби нема да им се допадне, но ако нешто не им недостига на Linux корисниците е можност за избор и прилагодување на нивното корисничко искуство според нивните потреби. Сепак Breeze темата е далеку од готова, изјавуваат од KDE, па таа со тек на време ќе претрпува измени.

Друга интересна новина во оваа верзија од Plasma е прилагодувањето зависно од типот на уред на која што се користи, односно функцијата наречена конвергенција (convergence). Тоа значи дека десктоп околината го прилагодува својот кориснички интерфејс зависно од тоа дали е инсталирана на десктоп компјутер, нетбук или таблет компјутер, дали се користат маус и тастатура и слични. Тоа значи дека веќе нема да има неколку верзии од Plasma, односно една верзија ќе се користи на сите видови на уреди.

Некои од другите новини во Plasma 5 вклучуваат:

  • Редизајниран стартувач на апликации
  • Освежен и почист дел за нотификации
  • Подобрување на поддршката за екрани со висока резолуција (HiDPI  екрани)

Повеќе информации на: OMGUbuntu, KDE

Претходна статијаWindows Phone 8.1 достапен од денес за Lumia уредите
Следна статијаВдишете ги вашите омилени пијалаци со Vapshot