zte-axon-7-9-800x420

Насочувањето кон што подобри камери кај телефоните, направи производителите да подзаборават малку на звукот. Иако не се лоши, денешните паметни телефони од високата класа, со неколку исклучоци, нудат само просечно аудио искуство, било дали се работи за звук преку слушалките или звучниците на телефонот.

ZTE Axon 7 е уредот кој ќе го смени сето тоа. Се работи за знаменосецот на брендот, кој Кинезите не се срамат да кажат дека ќе понуди најдобро аудио искуство во класата. За тоа заслужни ќе бидат двата стерео звучници во предниот дел со Dolby Atmos поддршка, кои ќе бидат перфектни за гледање филмови и видеа. Axon 7 е опремен и со специјален засилувач за слушалки, кој поддржува и аудио датотеки со висока резолуција.

zte-axon-7-

Но, немојте ни за момент да помислите дека овој телефон е наменет само за аудиофилите – спецификациите се кремот на смартфон сцената во моментов. Дисплејот има големина од 5,5 инчи, AMOLED технологија и Quad HD резолуција, процесорот е Snapdragon 820, а ќе има две опции за рам и простор – 4 GB и 64 GB, односно 6 GB и 128 GB. Батертијата има капацитет од 3.250 mAh и поддржува Qualcomm 3.0 брзо полнење преку USB Type-C приклучокот. Покрај сите овие импресивни карактеристики, Axon 7 може да се пофали и со целосна изработка од алуминиум и 2.5D Gorilla Glass 4 стакло во предниот дел.

gsmarena_010

Камерите се исто така импресивни, барем на хартија. Задната има сензор со 20 мегапиксели и леќа со f1.8 бленда и оптичка стабилизација, додека предната камера има 8 мегапиксели. Задната камера поддржува и снимање на 4K видео, но тоа е и веќе очекувано од еден паметен телефон од високата класа. Во задниот дел е поставен и читач за отпечатоци на прстите, кој е така позициониран за да биде лесно достапен за показалецот.

ZTE-Axon-7

Axon 7 ќе биде и првиот паметен телефон во светот кој ќе ја поддржува новата Google Daydream платформа за виртуелна реалност, но тоа веројатно ќе биде достапно со надградбата на Android N – во почеток уредот доаѓа со Marshmallow.

ZTE сепак уште веднаш ќе има достапен VR уред, во кој ќе може да се стави телефонот за гледање виртуелни содржини. ZTE VR е опремен со жироскоп по 9 оски за прецизни движења во виртуелната реалност, како и тачпад поставен на левата страна со кој ќе може да се управува телефонот.

zte-vr

Цената на Axon 7 ќе биде околу 450 долари, што е уште еден од адутите на овој одличен кинески натпреварувач. Веројатно е излишно да се каже, но нестрпливо чекаме да го видиме и на нашиот пазар.

Извор: The Verge (1) (2), TechnoBuffalo, GSMArena

Претходна статијаMicrosoft и Facebook ќе започнат со изградба на интернет кабел низ Атлантскиот океан со досега најголем капацитет
Следна статијаGoogle со нова тактика за побрзи надградби од производителите – ќе ги именува и засрамува јавно?