Xiaomi втор пат го прикажува нивниот телефон со екран на превиткување

Видеото е кратко, но ни дава добар поглед и претстава за што може да се очекува

За разлика од двата најголеми производители на смартфони во светот, Samsung и Huawei, Xiaomi оди во нешто поразличен правец со својот уред кој има еластичен екран кој се превиткува.

Наместо да се превиткува на едно место, без разлика дали на внатрешната или надворешната страна, Xiaomi еве веќе втор пат прикажува уред кој се превиткува на две места.

Со тоа се добива простор да се има доволно мал уред кога е затворен, додека при неговото отворање се добива доволно голем екран, за да може да влезе во категорија на помал таблет компјутер.

Екранот на Xiaomi се превиткува на надворешната страна, што значи дека кога е превиткан, сепак тој повторно е во „допир“ со околината, а тоа посебно може да ве замисли кога го оставате уредот на маса.

Видеото е на почетокот од статијата, па иако не е нешто посебно долго, сепак не потсетува дека и Xiaomi работи на ваков уред. Нема информации кога би го претставиле уредот, како и тоа дали е во поодмината фаза на развој.

Една од најголемите грижи кај ваквите уреди е коклу превиткувања ќе може да издржи екранот, пред да почне на него да се познава местото на превиткување, односно пред да се појави бразда. Samsung за таа цел ни прикажа видео од тестирањето на Galaxy Fold, па за него тврдат дека ќе нема проблем и со повеќе од 200.000 превиткувања.

Huawei и Samsung се очекува да ги претстават во продажба своите уреди на превиткување пред летото, па ќе видиме како ќе се продаваат. Моментално овие два најголеми производители немаат конкуренција од други, посериозни компании.

ИЗВОРPhoneDog
Претходна статијаРутини на познати личности: Џек Дорси (CEO на Twitter)
Следна статијаWindows 10 автоматски ќе брише надградби кои му прават проблем на оперативниот систем
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.