Познатиот кинески производител Xiaomi го претстави својот најнов уред од ниската класа кој ќе се продава по цена од само 150 долари, барем во Кина. Redmi S2 е најновиот уред кој доаѓа со доста карактеристики обично достапни во повисоките класи. Ова е тренд којшто го следат или ќе го следат повеќето производители, па корисниците можат да добијат многу повеќе за помалку пари, за разлика од пред 3-5 години, на пример.

Redmi S2 доаѓа со издолжен 5,99 инчен екран со резолуција од 1.440 на 720 пиксели и веќе стандарден формат од 18:9. Работи на Snapdragon 625 чипсетот со осум јадрен процесор и Adreno 506 графички процесор.

Телефонот ќе доаѓа во две варијанти, односно со 3 GB RAM меморија во комбинација со 32 GB простор за податоци и 4 GB RAM меморија во комбинација со 64 GB простор за податоци.

На задната страна Redmi S2 има двојна камера со 12 и 5 мегапиксели, а интересно предната камера е со сензор од 16 мегапиксели и е помогната со вештачка интелигенција. Како и обично, телефоните од пониската класа се тие што најмасовно се продаваат, а посебно кај помладите, па ставањето акцент на селфи можностите е нешто што го прават повеќето производители.

Батеријата на уредот е со солидни 3.000 mAh, а работи на најновата верзија од Android, односно на Android 8.1. Како и сите модели од Xiaomi, Redmi S2 работи на посебниот скин MIUI кој исто така е во својата најнова верзија кај овој уред.

ИЗВОРGSMArena
ИЗВОР 2Android Authority
Претходна статијаНов телевизиски пакет достапен низ Европа преку Телеком Србија и SES Video
Следна статијаПреструктуирање на медиумскиот пазар: Кој кого го купува и што тоа значи за останатите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.