На настан во Кина, Xiaomi го претстави својот најнов уред од Redmi серијата и со него најави дека оваа серија ќе продолжи да функционира како посебен бренд. Инаку, Redmi е серија од пониската, кон средна класа, а уредите се продаваат по навистина привлечно ниска цена.

Со издвојување на Redmi, серија која има продадено 278 милиони уреди до септември минатата година, таа ќе може подобро да биде презентирана кај корисниците, оставајќи го Xiaomi како бренд кој продава уреди од високата и средната класа.

Redmi Note 7 е телефон којшто ќе се продава по цена од 150, односно 200 долари, зависно од RAM меморијата и просторот за податоци. Од цената се гледа дека се работи за уред од пониската класа, меѓутоа како и секогаш компонентите нудат нешто повеќе.

Главната карактеристика која го истакнува Redmi Note 7 е неговата задна двојна камера која доаѓа со сензори од 48 и 5 мегапиксели. Втората камера со 5 мегапиксели е тука за да ја проценува длабочината на сликата, а со тоа да овозможи одредени ефекти, како што е заматување на позадината, објава на 3D слики на Facebook и слично.

48 мегапикселната камера е направена со сензорот од Samsung, ISOCELL Bright GM1 и заедно со помош на вештачката интелигенција треба да овозможи некои од подобрите слики на пазарот, а посебно од класата во која спаѓа овој уред. За уште подобри слики во ноќни, односно темни услови, пикселите на камерата се “спојуваат”, односно 4 пиксели функционираат како еден, со што треба да се добијат одлично осветлени и квалитетни 12 мегапикселни слики.

Инаку, Redmi Note 7 има екран со големина од 6,3 инчи и Full HD+ резолуција. Поради исечокот на горната страна од екранот, кој е навистина мал, Redmi Note 7 има многу мали рамки и формат со сооднос од 19,5:9, со што треба да се очекува прилично “висок” уред. За заштита на екранот тука е Gorilla Glass 5.

Батеријата на Redmi Note 7 е уште една работа која ќе им се допадне на корисниците, а со оглед на пониската класа на процесор, работа без полнење ќе може да се очекува и цел ден. „Послабите“ корисниците ќе може да очекуваат и до 2 дена траење на батеријата која има дури 4.000 mAh капацитет.

Телефонот работи на Snapdragon 660 чипсетот, а процесорот може да работи на фреквенција од 2,2 GHz.

Изборот на меморија може да се направи помеѓу 3 GB RAM и 32 GB простор за податоци, како и 4 GB RAM и 64 GB простор за податоци.

ИЗВОРXiaomi
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаSamsung поставува нов стандард за поврзување преку новата генерација на Family Hub Фрижидер претставен во рамки на CES 2019
Следна статијаНајголемата приказна во 2019? (дел 2/2)
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.