Денес, за да купите добар смартфон со мала рамка околу дисплејот, ќе мора да одделите прилично многу пари. Сепак, пионерот на смартфоните со мала рамка Xiaomi спрема изненадување – новиот Redmi Note 5 ќе има 18:9 издолжен дисплеј, мала рамка околу него и двојна камера позади, сето тоа понудено по цена многу пониска од онаа на конкурентите со истите карактеристики, барем ако Xiaomi го следи досегашното ценовно поставување на Redmi Note линијата.

Но, Redmi Note 5 ќе има со што да се пофали и во внатрешноста, каде најверојатно ќе се вградуваат Snapdragon 660 или MediaTek Helio P25 чиповите, кои се прилично моќни, особено за смартфон од средната класа и кои ќе бидат помогнати од 3 или 4 GB рам меморија и напојувани од голема батерија со капацитет од 4.000 mAh. Дисплејот пак најверојатно ќе има големина од 5,5 инчи и 18:9 сооднос, додека задените камери ќе бидат комбинација на 16 со 5 мегапиксели.

Од протечените фотографии можеме да видиме и дека покрај малата рамка, дизајнот ќе биде препознатлив за Xiaomi, со заден дел изработен од алуминиум, кој неодоливо потсетува на смартфоните на HTC. Ова и не е лошо – Redmi Note смартфоните се обично многу поевтини од тие од високата класа, а нудат многу слично искуство, по многу пониска цена. Во случајот на Redmi Note 5 ова сигурно ќе биде засилено со модерниот дизајн на дисплејот со мала рамка, кој сигурно ќе го направи многу поинтересен од останатите конкуренти во средната класа.

Извор: GSMArena, Digit, NDTV

Претходна статијаСвитливиот Samsung Galaxy X смартфон ќе биде тешко достапен за пошироката публика
Следна статијаGoogle се произнесе во врска со скандалот со „руските“ реклами