xiaomi-redmi-note-4-20

Еден од најпопуларните модели во гамата на Xiaomi, особено за оние со поплиток џеб, го доби својот наследник. Redmi Note 4 е повторно изработен од алуминиум и има исклучително ниска цена, особено со оглед на перформансите и квалитетот кои ги нуди.

Во Кина, таа ќе изнесува 135 долари, што е супер евтино за модел со 5,5 инчен Full HD дисплеј, моќниот MediaTek Helio X20 процесор со дури 10 јадра, од кои најмоќните со работен такт од 2,1 GHz, 2 GB рам меморија, 16 GB простор со слот за micro SD картичка, 13 мегапиксели задна камера и 5 мегапиксели предна камера. За оние кои сакаат максимум простор и перформанси, Xiaomi нуди и модел со 3 GB рам и 64 GB простор, додека батеријата е иста кај сите модели – многу солидни 4.100 mAh.

xiaomi-redmi-note-4-19

За разлика од многу други евтини телефони со високи перформанси, Redmi Note 4 има квалитетна алуминиумска изработка, со засечени краеви со цел да лежи подобро во раката. Во задниот дел има и читач за отпечатоци на прстите, што повторно е додаток кој го немаат голем дел од конкурентите. Телефонот ќе биде достапен во сребрена, темно сива и златна боја, како и претходникот, додека во него е вграден Android Marshmallow оперативен систем со MIUI 8 скинот од Xiaomi.

Засега Xiaomi Redmi Note 4 ќе се нуди само во Кина, но очекувајте набрзо да пристигне и кај нас. Цената нема да биде толку ниска, но очекувам почетниот модел да чини околу 12.000 денари, како и актуелниот модел, што е навистина ниска цена за телефон со толку високи перформанси и спецификации.

Извор: TechnoBuffalo, MacRumors, GSMArena

Претходна статијаNissan го лансира првиот мотор со променлива компресија
Следна статијаСамо Samsung и Apple имаат профит од смартфон бизнисот