Xiaomi ги претстави новите уреди со името Mi 8 на крајот од мај. Се работи за одлични уреди, како на изглед, така и по карактеристиките, нешто што е секогаш случајот со овој познат кинески производител.

Најмногу внимание од претставени уреди привлече секако Mi 8 Explorer Edition чијшто заден дел е направен проѕирен, со што се овозможува поглед во внатрешните компоненти или барем така мислевме.

Неколку пати можеа да се прочитаат „обвинувања“ дека тоа што се гледа под проѕирното стакло се само налепници со слики од компоненти, меѓутоа и тоа испадна дека не е точно. Отворањето на уредот и неговото покажување на кинески YouTube канал, открива што навистина има на задниот дел од Mi 8 Explorer Edition.

Вистина на крај е дека на задниот дел е поставена вистинска матична плоча со компоненти, меѓутоа оваа плоча е направена само да изгледа убаво, не е баш реален приказ за тоа како изгледаат матичните плочи во мобилните. Оваа матична плоча не е таа на која работи уредот, а компонентите се само поставени таму за украс.

Вистинската матична плоча е поставена под украсната, односно и под батеријата која е покриена со посебен материјал кој исто така е поставен за задниот дел да изгледа убаво.

Сепак, изгледа дека доколку се остави да се видат вистинските компоненти на еден смартфон, тој нема да изгледа добро како што би очекувале, па овој потег од Xiaomi не е за изненадување.

ИЗВОРCnet
Претходна статијаЕлон Маск најавува „приватизирање“ на Tesla
Следна статијаFacebook ќе ја прилагоди лентата за навигација во нивната апликација на секој корисник посебно
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.