Покрај нестандардниот Mi Mix Alpha со „surround“ екран којшто оди околу целиот уред, Xiaomi го претстави и засилениот Mi 9 Pro 5G. Овој телефон ги има дел од карактеристиките на Mi 9, но доаѓа и со неколку новини кои го прават доволно различен од овој свој претходник, а тука не е само поддршката за 5G мрежите.

Mi 9 Pro 5G доаѓа со засилената верзија од чипот на Qualcomm, Snapdragon 855+ којшто доаѓа со нешто посилни процесори од „обичната“ 855-ка. Па така, овој чип работи на 2,96GHz, наместо на 2,84GHz. Сепак, главната предност на 855+ е графичкиот процесор кој овозможува 15% подобрување од Adreno 640 кој доаѓа со Snapdragon 855.

RAM меморијата на Mi 9 Pro 5G може да се избере од 8 до 12GB, а исто така може да се избере и просторот за податоци кој е од 128GB до 512GB.

Екранот е со големина од 6,4 инчи направен во OLED технологија и со резолуција од 1080p. Иако овие карактеристики се истите како кај претходниот модел, од Xiaomi истакнуваат дека имаат имплементирано нов „професионален“ систем за калибрација на боите.

Батеријата е со големина од 4.000 mAh и слично како кај Mi Mix Alpha, доаѓа со прилично брзо безжично полнење од 30W кое овозможува полнење на целата батерија за само 69 минути, за разлика за 40W жичано полнење кое ја полни батеријата за 48 минути.

Овој телефон доаѓа и со можност за безжично полнење на други уреди со 10W Qi стандард, што овозможува полнење на други телефони, слушалки, паметни часовници и слично.

Камерите на Mi 9 Pro 5G се истите како кај претходниот модел, па тие се три кои имаат сензори со 48, 16 и 12 мегапиксели. Цената на Mi 9 Pro 5G ќе биде од 500 до 600 долари, зависно од карактеристиките за RAM и простор кои ќе се изберат.

ИЗВОРXiaomi
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаВикендов Скопје звучеше како светска метропола со Telekom Electronic Beats Picnic
Следна статијаНајреномираното регионално еСпорт натпреварување – Good Game доаѓа во Скопје
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.