Android Go е изменета верзија од овој оперативен систем која е прилагодена да работи на уреди од најниската класа, односно да троши многу помалку ресурси од стандардната верзија.

Покрај Android Go, Google има прилагодено и повеќе од своите апликации да работат на овие уреди, односно има претставено Go верзии од на пример, YouTube Go и слично.

Xiaomi го претстави својот прв уред којшто ќе работи на овој оперативен систем, односно на Android 8.1 Oreo Go Edition.

Кога ќе се земе во предвид какви цени имаат многу подобрите уреди од оваа компанија, не е воопшто чудно што Redmi Go ќе се продава по цена од околу 80 евра.

Инаку, Redmi Go ќе работи на Snapdragon 425 чипсетот чиј што чип ќе може да работи на фреквенција до 1,4 GHz. Ќе има 1 GB RAM меморија, како и 8 GB простор за податоци со можност за додавање на картичка.

Екранот на Redmi Go ќе биде со големина од 5 инчи и резолуција од 720p. Ќе има по една камера на задната и предната страна, со сензори со 8 и 5 мегапиксели.

Батеријата на уредот ќе биде со капацитет од 3.000 mAh, што е одлично кога ќе се земат во предвид карактеристиките, па веруваме дека Redmi Go ќе може без проблем да издржи цел ден без дополнување.

ИЗВОРXiaomi
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаКрипто 101: Што е Lightning Network?
Следна статијаSamsung патентира гејминг смартфон со екран на превиткување
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.