Vivo на крајот сепак ќе остане запишан како првиот производител кој претстави и почна да продава смартфон со сензор за отпечатоци на прстите, вграден под екранот.

Vivo X20 Plus UD е името на телефонот и е направен на веќе постоечки модел. UD е ознаката по која ќе се распознава од веќе достапниот X20 Plus модел.

Инаку, се работи за смартфон од средната класа кој доаѓа со 6,43 инчен AMOLED екран со резолуција од 2.160×1.080 пиксели и формат од 18:9, односно е издолжен како што е трендот кај повеќето телефони сега.

Работи на Snapdragon 660 чипсетот од Qualcomm, има 4GB RAM меморија, како и батерија со капацитет од 3.905 mAh. На задната страна вклучува двојна камера со 12, односно 5 магепиксели, како и предна камера со 12 мегапиксели.

Сензорот за отпечатоци за прстите е поставен по екранот на предната страна и е направен од страна на Synaptics. За разлика од стандардните сензори, овој работи на база на оптичка технологија, па корисниците ќе треба да внимаваат какви заштити на екранот користат, како и да не го оштетат екранот баш во тој дел.

Vivo го прикажа овој телефон на CES 2018 во Лас Вегас, меѓутоа се’ уште не беше најавено дали и кога ќе биде претставен официјално во јавноста. Ќе започне да се продава во Кина по цена од 560 долари, па ќе видиме дали и за колку ќе може да се купи во нашата земја.

Извор: The Verge, Engadget, Vivo

Претходна статијаIntegral Memory претстави microSD картичка од половина терабајт
Следна статијаКако да ја победиш зависноста од својот паметен телефон
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.