The Verge

Кинескиот производител Vivo, како и неговата сестра компанија Oppo, се познати по претставувањето на нестандардни телефони кои претставуваат интересна алтернатива за корисниците, а со текот на времето изградија добра група на верни фанови.

За Vivo оваа година можевме да слушнеме поради две интересни новини. Едната беше првиот смартфон со сензор за отпечатоци под екранот. Ова е нешто кое се’ уште се очекува од најпознатите производители, а посебно од Samsung, па ќе видиме дали можеби ќе видиме таква технологија во Galaxy Note 9.

Втората интересна новина, исто така од MWC 2018 саемот за мобилни и технологија во Барселона, е телефон без воопшто рамка околу екранот. Тоа значи дека телефонот нема ни исечок на горниот дел од екранот, како што тоа е случајот со iPhone X или останатите Android телефони кои беа претставени потоа.

Телефонот досега беше во фаза на концепт. Тоа значи дека тој беше произведен и функционален, меѓутоа не и спремен за продажба. Со овој уред, наречен Apex Full View, имаа шанса да си „поиграат“ присутните, а во продолжение го издвојуваме видеото кое го направија од The Verge.

Како што може да се види, телефонот нема рамка околу екранот, односно истата е минимална и се мери во милиметри, нема исечок, а отклучувањето се прави со сензор поставен на екранот, поточно на поголема површина од него, па корисникот не мора да бара одредена точка каде да притисне со прстот.

Интересно на овој уред е и што предната камера се извлекува, односно излегува од самиот уред. Вакво решение или слично мора да е дел од ваков уред со оглед на фактот што тој нема никаков исечок на предниот дел, нити мали дупки како што можевме да видиме во патент од Samsung како можно решение за ваквите уреди.

Исто така, поради тоа што на горниот дел нема ни исечок, значи нема место за звучник, слушањето на разговорите се прави директно преку екранот. Се работи за технологија која преку вибрации го пренесува звукот директно од самиот екран.

Дека овој уред може наскоро да биде претставен и да почне да се продава најавуваат од Vivo со нивната реклама како спонзор на фудбалското првенство кое ќе се одржува во Русија ова лето. На рекламата се гледа Apex уредот, а од The Verge тврдат дека претставувањето е најавено за 12-ти јуни.

Од тоа што можеме да го видиме, телефонот изгледа преубаво, а како и би изгледал уред којшто е целиот екран на предната страна. Се надеваме само дека што поскоро поголемите производители ќе почнат да го следат овој тренд, па наредно што ни останува да чекаме за наредните 5-10 години е телефон со проѕирен, еластичен екран којшто нема да има ништо додатно. Малку преземено од научно фантастичните филмови ?.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаНБРМ, регулаторни слободни зони и блокчеин иновации
Следна статијаSamsung отвара Глобални центри за вештачка интелигенција во Велика Британија, Канада и Русија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.