Samsung Galaxy S8 и S8+ се со сигурност најимпресивните телефони лансирани досега оваа година и сето тоа главно се должи на исклучителната изработка со многу мала рамка околу дисплејот, како и закривеноста на дисплејот на страните. Дефинитивно, Galaxy S8 и S8+ изгледаат фантастично, но тоа не е единствениот адут на овие телефони.

Она што мене лично многу ми се допадна е што во пакувањето се вклучени прилично квалитетни AKG слушалки, кои ако сакате да ги купите посебно, чинат дури 99 долари. Ова дава една дополнителна вредност на телефонот, со која на пример не може да се пофалат останатите брендови.

И навистина, слушалките звучат одлично – тоновите се чисти, има јасност на средните и високите тонови и басот е доволно длабок. Споредено со слушалките кои доаѓаат во пакувањето на останатите конкуренти, ова се неколку класи подобри слушалки. Одличен е и нивниот квалитет, иако се изработени од пластика, а плетениот кабел значи дека ќе траат и подолго од стандардните слушалки со гумен кабел.

Не помалку важно, AKG слушалките се и многу удобни – јас немав проблем да ги носам подолго време без да почнат да ме болат ушите или да ми пречат, а благодарение на тоа што има и три различни големини на гумираните завршетоци, можете лесно да ја најдете големината за вашето уво и да се погрижите тие да не отпаѓаат при фитнес активностите. Нормално, AKG слушалките имаат вградено и микрофон, како и контроли за гласноста, премотување на песните и сопирање на музиката.

Претходна статијаМлади и иновативни македонци, ќе стават крај на губењето или крадењето на новчаници
Следна статијаAMD конечно се доближува на Intel