Со оглед на тоа што Samsung го претстави својот Galaxy Note 9, време е да се префрлиме на други очекувани смартфони, а секако Pixel од Google се едни од тие кои привлекуваат повеќе внимание.
Google треба да ги претстави Pixel 3 и Pixel 3 XL телефоните, односно стандардно за изминатите години, два модели, еден помал и уште еден поголем со неколку дополнителни карактеристики.
Досега можевме да прочитаме одредени информации за овие уреди кои треба да бидат претставени оваа есен, а таа која привлекува најмногу внимание е вклучувањето на исечок на горниот дел од екранот кај поголемиот XL модел.
Од тоа што може да се види на видеото погоре, Google дефинитивно ќе го направи Pixel 3 XL со исечок на горниот дел, а тоа може да се види и од додавањето на поддршка во Android. Исечок на горниот дел од екранот се става со цел да се добие што повеќе екран, на сметка на рамките околу екранот, меѓутоа мене лично не ми се допаѓаат, па се надевам дека тие ќе останат на ова ниво на тренд, односно дека нема да почнат сите да ги вклучуваат во своите модели.
Покрај изгледот на телефонот, во видеото се гледаат и неговите карактеристики. Како што беше очекувано, Pixel 3 XL ќе работи на моментално најсилниот Snapdragon 845, меѓутоа изгледа нема да го следи трендот на вклучување до 8 GB RAM меморија како кај доста од конкурентите.