Уште едно „hands on“ видео од Google Pixel 4 XL ни го прикажува целосно овој телефон

На видеото се гледа целосно телефонот и се прикажани неговите главни карактеристики

Порталот Nextrift кој минатата недела ни прикажа слики од Pixel 4 XL, сега објави и видео во кое убаво го презентира уредот. Покрај изгледот на телефонот, од видеото можат да се видат неколку карактеристики кои ќе бидат специфични за Pixel 4, а посебно новиот систем за препознавање на лицето, како и контрола со гестикулации.

Иако повеќето познати модели се предмет на „протекување“ пред нивното официјално претставување, од лани Pixel уредите поради некоја причина држат рекорд во ова. Оваа година истото е повторно случајот, а може да се каже дека и уште повеќе.

Како и зошто се доаѓа до целите уреди, наместо само слики и информации, не е познато, па можеби Google треба подобро да ја направи контролата со своите производители.

Видеото е на почетокот од статијата и можете да го погледнете.

ИЗВОРPhoneDog
Претходна статијаЕлон Маск го презентира и објасни развојот на Starship – вселенското летало кое ќе ги однесе луѓето на Марс
Следна статијаInstagram ќе добие темна тема, истата моментално е во тест фаза
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.