LG G7 ќе биде официјално претставен идната среда на 2-ри мај. За него благодарение на неофицијалните информации, како обично, знаеме скоро се што може да се очекува. LG не почести и со информација од нивна страна која не беше достапна неофицијално, а тоа е дека уредот ќе има акцент на можности помогнати од Вештачка интелигенција, а поради тоа ќе го носи брендот ThinQ од компанијата.

Еван Блас веќе еднаш ни го прикажа уредот, за кој поради неговата „докажаност“ и точност на информациите, веруваме дека тоа е LG G7. Сликите го прикажуваа уредот од сите негови страни, па може да се добие точна претстава како тој ќе изгледа и што се ќе вклучува.

Денес повторно Еван Блас објави слика од G7-цата, овој пат во црна варијанта. Од оваа слика нови информации не се добиваат, па сликата можеби најдобро е да се гледа како еден вид на потврда за изгледот на уредот.

Главната работа која може да се извлече од сликите е достапноста на исечок на предниот дел од екранот, за кој од LG се верува дека ќе може да се сокрие софтверски. Тоа значи дека корисниците кои сепак не го сакаат сега веќе популарниот исечок, ќе може едноставно со еден клик да го „сокријат“.

Инаку, LG G7 треба да дојде со Snapdragon 845, 4 и 6GB RAM и 64 и 128GB простор за податоци, 6,1 инчен екран со висока резолуција и најновата верзија од Android.

Мислам дека е доволно од неофицијални информации, па во среда конечно ќе го видиме овој нов уред од LG кој би требало да им конкурира подобро на моментално најдобрите.

ИЗВОР 2Geeky Gadgets
Претходна статијаМоделите Jaguar E-Pace и Range Rover Sport ги пречекаа гостита на годишниот прием на Британската амбасада
Следна статијаApple излегува од пазарот на Wi-Fi рутери
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.