turing-phone

Денес, 99% од уредите се направени да изгледаат елегантно и примамливо за секојдневниот корисник, но тоа од друга страна тоа станува досадно и генерично. Паметните телефони стануваат толку слични меѓусебно, што освен големината подрастични и радикални разлики кои би ги направиле препознатливи не се наоѓаат.

Целта на Turing Robotic Industries е баш таа, да бидат препознатливи во конкуренцијата со уникатен и цврст дизајн. Уредот е изработен од легура наречена Liquidmorphium која треба да е поцврста од челик и титаниум. Дополнително во футиристичката градба има вградено керамика, алуминиум и пластика кои треба да допринесат за цврстината на уредот.

Под хаубата спецификациите се малку застарени, односно вклучува Snapdragon 801 процесор, 3GB RAM и 5.5 инчен дисплеј со 1080p резолуција. Меморијата ќе биде 64GB или 128GB; а цените 740 и 870 долари соодветно. Дополнително, задната камера од 13 мегапиксели ќе биде поддржана од два лед блицеви а предната камера ќе има 8 мегапикселна резолуција. Уредот ќе работи на Европските и Американските LTE фрекфенции.

Turing Phone ќе биде достапен за продажба на 10-ти Август годинава.

Извор: Engadget

Претходна статијаUbuntu 15.04 официјално претставен
Следна статијаАмериканската компанија Blink ќе нуди домашни очни тестови