sunty-q82-ni

Како што веќе спомнавме многу пати, Windows 10 отсега ќе биде ист на сите платформи. Сепак (секогаш има сепак), оној наменет за мобилните уреди работи и на ARM чипови, за разлика од оној за таблети и компјутери кој работи само на Intel X86 архитектура. Кинескиот производител Sunty сепак не се држи строго до тоа како Microsoft го замислува ова и претстави 7 и 8 инчни таблети со мобилната верзија на Windows 10.

Windows 10 Mobile е поограничен оперативен систем во однос на целосниот Windows 10, поради тоа што на него не може да се инсталираат постарите Windows програми. Сепак, тој е многу полесен за уредите и работи помазно и на послаби компоненти, а со Continuum, доколку е достапен во овие уреди, може да се претвори и во целосна десктоп околина.

sunty_q72_windows_10_mobile_tablet_2

Така, таблетите Sunty Q72 и Q82 го имаат најслабиот Snapdragon процесор моментално – 210, кој има четири штедливи јадра. Зависно од моделот, помогнат е од 1 или 2 GB рам меморија, односно 16 или 32 GB простор за складирање податоци. И двата таблети имаат резолуција од 1280х800.

Разликата, освен во големината на дисплеите е во задните камери – помалиот има 2 мегапиксели, а поголемиот 5 мегапиксели и плус LED блиц, како и во звукот – поголемиот модел има напред поставени стерео звучници. Помалиот таблет има батерија со капацитет од 2700 mAh, додека поголемиот има 4000 mAh.

sunty_q72_windows_10_mobile_tablet_1

Покрај двата таблети, Sunty го претстави и смартфонот G500 со Windows 10 Mobile, кој исто така има Snapdragon 210 процесор, 1 GB рам меморија и 16 GB простор за складирање податоци. Дисплејот мери 5 инчи во дијагонала и има HD резолуција од 1280х720 пиксели, додека батеријата има капацитет од 2300 mAh. Според овие спецификации, G500 е директен конкурент на Lumia 550 на Microsoft.

Извор: Windows Central, WinBeta, WM Power User

Претходна статијаЗошто е толку тешко да се „откачите“ од Facebook?
Следна статијаНаучниците успеаа да 3Д испечатат „живи“ крвни садови