Evan Blass

Според информации од корејскиот портал The Bell, Samsung во изминатите година дена размислува за спојување на нивните две најдобри серии на смартфони. Причината за тоа е намалување на трошоците за развој, продажба, како и маркетинг на производите.

Идејата е да Galaxy S+ серијата, која веќе е доста слична со Note серијата, се спои во една, поточно да остане само S+ серијата на телефони. Главната разлика изминатите години помеѓу S+ и Note серијата, може да се каже дека е во главно S Pen пенкалцето, додека големината на екранот е скоро иста.

Според овие информации, најголемиот S модел би требало да ја замени потребата од Note телефони, а оваа серија идната година може да дојде со S Pen пенкалцето, па корисниците кои ги купуваат овие уреди во главно поради овој додаток, нема да останат без избор.

Она што останува само како прашање е изработката на уредите. Сепак Note серијата е замислена како бизнис серија, па овие уреди доаѓаат со нешто поквалитетна изработка од S серијата.

Како и да е, ако овие информации се покажат како точни, Galaxy Note 9 кој ќе биде претставен на 9 август, може да биде и последниот Note телефон од компанијата.

ИЗВОРPhoneArena
ИЗВОР 2TechRadar
Претходна статијаMicrosoft, Google, Facebook и Twitter го претставија Data Transfer Project
Следна статијаДесет карактерисики кои ги имаат добрите менаџери според Google
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.