z5family_1200

Во обид да се врати на самиот врв на смартфон сцената, особено по падот на продажбата на последните неколку модели, Sony го направи она што го очекувавме за една година од сега, а тоа е првиот телефон со Ultra HD 4K екран, кој има зашеметувачка острина од 806 пиксели по инч!

Погоре спомнавме дека јапонскиот производител претстави нови Z5 телефони. Да, Z5 серијата сега ќе вклучува три модели. Обичниот Xperia Z5 ќе биде директен наследник на Z3+ додека Xperia Z5 Compact ќе биде наследник на Z3 Compact. Сепак, за момент заборавете на овие модели, зошто главниот адут во ракавот на Sony е Xperia Z5 Premium, првиот телефон во светот со Ultra HD екран со резолуција од 3840х2160 пиксели. Да, како кај скапите Ultra HD телевизори. Во екран со големина од 5,5 инчи!

gsmarena_002

Предноста во острината на овој екран, а во однос на QHD конкурентите, најверојатно нема да може да ја забележи окото на корисникот, но да бидеме реални, кој не би сакал да може да се пофали со таков дисплеј? Сериозно, дури и да земете лупа, тешко дека ќе можете да ги најдете пикселите. Кул, нели?

За разлика од премиум моделот, обичната Z5-ка има 5,2 инчен Full HD екран, кој се чини е истиот како кај Xperia Z3+, додека моделот Z5 Compact, кој ќе биде наменет за оние со помали раце, ќе има 4,7 инчен екран со HD резолуција.

Сепак, освен кај екраните, во сите други компоненти телефоните се скоро подеднакви. Сите ќе користат Snapdragon 810 процесор со 3 GB рам меморија, односно 2GB за Compact моделот (ќе биде интересно како ќе се снајде овој чипсет со толку многу пиксели). Капацитетот за складирање на податоци изнесува 32 GB, со можност за проширување преку micro SD картичка, што е одлична вест. Сите три модели ќе имаат и скенер за отпечатоци на прстите, вграден отстрана.

gsmarena_003

Батериите кај сите модели ќе имаат различен капацитет, почнувајќи од 3430 mAh за Premium моделот, односно 2900 и 2700 за останатите два. Според Sony, ова е доволно сите телефони да имаат траење со едно полнење до два цели денови, што ако е точно е навистина добар резултат.

Покрај првиот 4K екран во телефон во светот, Sony се пофали и со целосно новата задна камера, за која се сигурни дека ќе е најдобра во сегментот, а која има голем сензор од 23 мегапиксели и леќа со бленда f2.0 и прилично широки 24 mm фокална должина (еквивалентно на 35 милиметарски формат). Секако, сите модели ќе можат да снимаат и Ultra HD видео.

Сите три нови модели ќе имаат прилично лесна верзија на Android 5.1 Lollipop, која е многу блиску до оригиналната. Ова треба да овозможи подобри перформанси во однос на конкурентите, кои имаат тешки скинови ставени врз Android-от како што го замислил Google.

gsmarena_002--

Цената на новите телефони од високата класа на Sony се уште не ни е позната, но со сигурност ќе бидат едни од поскапите во класата. Без оглед на тоа, благодарение на новите технологии, се чини дека јапонскиот гигант конечно има победник во Z5 Premium, кој се издвојува од конкуренцијата, донесувајќи технологија која ја очекувавме наредната година, денес. А во светот на паметните телефони, тоа е многу голем скок.

Извор: The Verge, The Next Web, Techno Buffalo, GSM Arena (1) (2)

Претходна статијаMotorola ја претстави втората генерација од Moto 360 паметниот часовник која вклучува повеќе верзии
Следна статијаAsus претстави мал Windows 10 компјутер на стикче